Што е Networker?

NETWORKER е компанија за поврзување на потребите на клиентите со соодветните барања на пазарот од областа на финансии, претприемаштво и бизнис која комбинира податоци, врвен финансиски план, експертиза и ефективна стратегија за оптимизација и подобрување на бизнис процесите.

ЗАКАЖИ СРЕДБА

 

Intro Image

Кој стои зад Networker?

First Founder

Сања Митровска

Пасија на Сања се луѓето, внимателното слушање на нивните приказни и воспоставувањето на контакти за финансиски или бизнис совети. Нејзината посветеност и страста за пренесување на знаење и менторство ја потврдуваат Fakulteti.mk, избирајќи ја за најдобар асистент додека работи на Економски Факултет- Скопје.

Со себе носи комбинирани вештини од науката и 6 годишно искуство со финансиски продукти, опслужувајќи клиенти со инвестициско портфолио над 4 милиони евра. Нејзиниот интерес за креативно решавање на финансиски проблеми ја поттикна да основа прва Академија за финансиско советување, Финса.

Second Founder

Славе Ангелов

Славе ја согледа потребата од поголем пристап до информации и финансиски производи кога ја основаше својата дизајн агенција, Brander. За 2 години тој создаде тим од 15 креативни луѓе, кои помогнаа неговите клиенти да остварат над 230 милиони долари профит.

Славе е инвеститор и ко-сопственик на старт-ап за гурманско кафе во Шведска, а влегува и како ко-сопственик во компанија за е-комерц малопродажба на amazon.com, со седиште во Сан Диего. Неговата мисија е бесплатно споделување на знаење и искуства, што смета дека е клучно за градење на новиот бран претприемачи и јакнење на општеството.

Зошто Networker?

 

“Сигурно си запознал човек кој во неколку минути успеал да ти најде решение за проблем кој долго време си го имал. Таквите луѓе секогаш се спремни да ти помогнат, или ако не можат лично, познаваат некој што може.

Ние тоа решивме да го издигнеме на ниво на професија преку вмрежување со соодветните луѓе, финансиски институции, партнери и заедници со слични интереси.”

 

Основач | Networker

ЗАКАЖИ СРЕДБА

contact@networker.mk

ул. Багдадска бр.15-стан бр.8

Скопје-Карпош

Кои сме ние

Networker е резултат на комбинираното знаење и искуство на двајца млади претприемачи и нивна мрежа на соработници кои работат во полето на финансиско советување и развој.