Бизнис

Стапката на преживување на новите бизниси е разбирливо застрашувачка за претприемачите. Новите истражувања покажуваат дека кога ќе додадеш бизнис ментор во почетната фаза од раст на бизнисот, бројките драстично се менуваат. Според нив дури 70% од новите бизниси опстојуваат повеќе од 5 години доколку сe водени од бизнис ментор.

Што е бизнис ментор?

...некој кој може да ти даде една поинаква перспектива за твојата бизнис идеја, согледувајќи ги нештата кои ти можеби не ги гледаш во почетната фаза. Ментор може да биде некој веќе го изодил патот и ги согледал сите аспекти додека го растел бизнисот. Некој кој успеал во претприемништво или е експерт во својата индустрија, успешно издигнувајќи нови замисли. Без разлика кој ќе биде твојот ментор, придобивките и бенефитите од менторирање се од клучна важност за понатамошниот развој на бизнисот.

Зошто бизнис ментор?

Новите сопственици на бизниси често немаат една клучна работа, а тоа е искуство. Потребни се години, а во најголем дел од случаите и многу средства за да се стекнат со бизнис искуството за успешно да ја стартуваат команијата. Бизнис менторството помага во недостигот на оваа фундаменталност овозможувајќи искористување на искуството на бизнис менторот веднаш - и најчесто бесплатно.

Учење од грешките

Во почетната фаза од бизнисот, немаш простор за многу грешки. Зошто на самиот почеток да учиш од твои грешки, кога може да научиш од туѓите и на тој начин да ги избегнеш во твојот бизнис. Менторот може да ти помогне да ги препознеш предностите и недостатоците при многу одлуки за твојата компанија и да се фокусираш на раст наместо на оперативно раководење. Твојот ментор сигурно има увид од висока вредност врз основа на неговото претходното искуство.

Проширување на твојата мрежа на контакти

Како искусна бизнис личност, бизнис менторот има веќе изградена мрежа од контакти и соработници. Така ќе ти помогне да направиш врски и да ги изградиш контактите кои ти се потребни. Потенцијални клиенти, мрежа од нови пазари, соодветни вработени, извори на знаење и една цела мрежа на непроценливи конракти, може да ти бидат на располагање.

Фокус и продуктивност

Започнувањето бизнис значи сосема нов почеток. Тука веќе немаш некој над тебе кој би ги задавал насоките. Колку што ова е добро, толку може и да влијае негативно на твоите продуктивност. Соработката со бизнис ментор ќе ти овозможи континуирани дискусии за бизнисот ќе ти помогнат да го задржиш фокусот и продуктивноста. Твојот ментор ќе те насочи кон правилно дефинирање на критични задачи и насочување на бизнис цели - а што е уште поважно, ќе и помогне на компанијата да се држи одговорна за нивното исполнување. Следењето на перформансите е од клучна важност, па во овој дел менторот заедно со тебе разгледува што би требало да се постигне, каде си сега и кои се следните чекори кои ќе ги утврдат идните приоритети.

Зголемување на знаењата од твојата област

Твојот ментор веќе има акумулирано доволно знаење, а на тебе останува само да го преземеш и имплементираш во твојата бизнис стратегија. Менторот има искуство од различни аспекти на водењето бизнис - искористи го ова како директна конкурентска предност.



Ова се само дел од причините зошто е добро да се има бизнис ментор. Улогата на Networker во твоето лансирање во светот на бизнисот е од блиску да го менторирa твојот раст и развој, при што ќе те поврзе со сите алки од синџирот кој е потребен за беспрекорен почеток и тек на работата. 

Контактирај нѐ на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и ќе ни биде драго да ја слушнеме твојата приказна!