Бизнис

Сите успешни стартувања на мали бизниси порано или подоцна се соочуваат со прашањето како да се справат со проширување и раст на бизнисот. Експанзијата е фаза која е оптоварена со можности и опасности. Во секој случај тоа се предизвици кои треба да се прифатат, но претходно важно е да се запознаеш со сите можности за раст. Постојат неколку генерални опции кои се проверени и практикувани од водечки компании, па на тебе останува во која ќе препознаеш најголем потенцијал за раст на твојот бизнис.

 

Нов производ или услуга во твојот микс

Навидум изгледа едноставно, но може да биде навистина предизвикувачки. За почеток, треба да дознаеш кои производи и услуги ги сакаат твоите клиенти и колку ќе бидат подготвени да платат за нив. Следно, колкава е вистинската вредност на тие производи и колкав е повратот на инвестицијата.

Нови локации

Штом веќе успешно го продаваш својот продукт, не плаши се од поголема публика. Идејата е да ги продадеш веќе постоечките производи и услуги на нови клиенти. Овие нови клиенти можат да бидат во различни сегменти или различни локации.

Спојување со друг веќепостоечки бизнис

Ова може да биде најбрз пат до раст и проширување. Спојувањето или стекнувањето на друг бизнис буквално може да ја удвои големината на бизнисот, зголемувајќи ја продажбата и приходите експоненцијално. Пред да тргнеш во спојување на твојот бизнис со друг, важно е претходно добро да се запознаеш со процесите и да извршиш темелна анализа на сите можни кандидати.

Продавај повеќе производи или услуги на твоите веќе постоечки клиенти

Детерминирај го патот на твојот купувач и направи стратегија како да му продадеш повеќе производи. Идеален пример од дигиталниот свет е Амазон со нивниот систем за предлози односно продукти кои се поврзани со претходниот. Алгоритмот на Амазон нема да ти дозволи да излезеш од платформата сѐ додека не го пронајдеш соодветниот продукт. 

Маркетинг експанзија

Сите погоре наведени примери се сведуваат на едно, а тоа е успешна маркетинг стратегија. Без разлика кој е твојот продукт, од локална продавница, па се до сметководствено друштво твојот продукт маркетиншки треба да ги задржи корисниците на уникатен начин. Не е ново да се зборува за дигитална трансформација. Твојата компанија мора да биде приспособена за потребите на дигиталниот свет, во спротивно - нема да успее.

Состојбата на економијата не мора да ги диктира плановите за раст на бизнисот и проширувањето. Размисли како можеш да имплементираш една или повеќе од овие стратегии за да ја ставиш компанијата на брза патека до проширување.

 

NETWORKER е мрежа на експерти која може да те вмрежи со соодветните институции, партнери или заедници со слични интереси со цел побрза и поефикасна експанизија на бизнсот.

Пиши ни на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и заедно ќе го изодиме процесот објаснет погоре.