Лични Финансии

Податоците покажуваат дека финансиската писменост на нашето население е најниска во регионот. Прв показател на тоа е огромното учество на потрошувачките кредити во севкупните кредити на македонското население. Втор показател се големото количество на слободни средства во банкарски депозити, кои и покрај бесрамно ниските каматни стапки, изнесуваат речиси 6 милијарди евра. Првиот показател е причина зошто сиромашните се повеќе и повеќе осиромашуваат, а вториот е објаснување зошто богатите стануваат се побогати и побогати.

 

Дали лошите потрошувачки навики на македонското население се резултат на претходното општествено управување?

Лошите потрошувачки навики особено се истакнати во земјите во транзиција, каде акцентот од општествена одговорност се префрлува кон одговорност на индивидуата. Сега, родителот е тој кој се грижи за школување на детето, за наоѓање на работа и преговарање за плата, купување на стан итн., а не општеството како претходно. Најголем дел од населението и понатаму посакува еднакви добра за сите, како претходно (еднаш годишно на одмор, стан, автомобил итн.) повторно префрлувајќи одговорноста на друг- на банките. Меѓутоа банките и тоа како добро ја наплаќаат таа одговорност, особено кога станува збор за краткорочна потреба- потрошувачки кредит.

Што се потрошувачки кредити?

Доколку дадеме едноставно објаснување на потрошувачките кредити, би ги објасниле како брзи кредити, ненаменски, за кои најчесто не е потребен жирант, на суми до најмногу 10 000 евра. Дури и самите се наречени потрошувачки. Замислете, банката ви дава пари без пари колку да си имате, за трошење.. Оваа помисла е трагична, затоа што сум сретнала клиенти кои буквално подигнале пари за да имаат.

 

Потрошувачките кредити се „скапи“

Овие кредити се далеку од бесплатни.. имаат значително повисока камата од станбените и автомобилските кредити, а сепак се изложени на валутен ризик- затоа што во глобала се инсистира истите да се подигаат во евра. Уште и повеќето имаат вклучени дополнителни трошоци за животно осигурување, кое не е повратно.. само е трошок кој морате да го плаќате, дури и на кредит од сума од 1000 евра.

 

Што е специфично за потрошувачките кредити?

Се подигаат без никаков план, затоа што како што споменав се ненанменски (за реновирање, за породување, за одмор итн.) се на краток рок (најчесто се земаат на 5 години) и со камата од околу 8,5% годишно. Тие се доказ дека на нашето население му недостасува само план, ништо повеќе.

 

Фамилија А- проблемот

Фамилија А во јуни решава да оди на одмор кој ќе чини 1000 евра и за истиот нема собрано средства. Меѓутоа со аргументот „За што работам, зар не сум заслужил и еден одмор?“ се одлучува да се подигне кредит и тоа од финансиското друштво каде го праќа туристичката агенција, кој е уште помалку поволен од банкарските (11% годишна камата) Така, истата таа фамилија која ќе отиде на заслужениот одмор во јуни, од јули ќе започне по 93 евра да отплаќа од кредитот. Следната година, каде истата оваа фамилија немала 1000 евра, сега ќе осиромаши за дополнителни 200 евра (каматата плус банкарски трошоци) и бидејќи повторно дошло време за одмор, ќе подигне друг.

 

Фамилија Б- решението

Фамилија Б се наоѓа во иста ситуација како фамилија А и решава дека сака да патува на одмор од 1000 евра. Оваа одлука ја носи во јануари (5 месеци порано од претходната фамилија) и започнува уште од крајот на јануари да одделува по 95 евра месечно. Првата година одлучуваат да одат на скромен одмор, на крај од сезона во септември од 700 евра, но продолжуваат месечно да ги одвојуваат истите 95 евра заклучно јуни следната година. Така во јули следна година веќе имаат акумулирано 1000 евра буџет за одмор, кој секоја година се повторува, исто како и фамилијата А, но без оваа фамилија да доосиромашува за дополнителни 10 евра месечно.

 

Фамилија А е причината зошто сиромашните доосиромашуваат.

Оваа фамилија сепак си го отплатила својот одмор, како така нашла 93 евра месечно, само што во рок од 5 години потрошила еден цел одмор на камати (5 години по 200 евра се 1000 евра), а за 10 години потрошила 2000 евра- истата таа фамилија која тврди дека не може да собери ни 1000 евра. Да не спомнувам дека најверојатно фамилија А, доколку одлучила да реши со кредит одмор, најверојатно има кредит и за многу други потреби.

 

Волшебното прашање е како да се избегне целата оваа ситуација, пред да биде прекасно за да се излезе од тој круг на позајмување на пари и доосиромашување цел живот? Прв чекор е промена на потрошувачките навики.

 

NETWORKER е мрежа на експерти која ќе направи анализа на твоите потрошувачки навики и со цел нивно подобрување, ќе ти изработи бесплатен финансиски план. Пиши ни на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и раскажи ни за твоите финансиски предизвици.