Лични Финансии

Котизации за факултет и основни трошоци

Доколку претпоставиме дека просечен студент се школува на државен универзитет, кој чини 400 евра годишно, само за котизации неговите родители би требало да одвојат околу 2000 евра со трошоци за книги и дополнителни часови. Доколку не живее во градот каде што се наоѓа неговиот факултет, што е почест случај, месечно ќе се одвојуваат најмалку 50-тина евра за кирија и уште толку за храна.

 

Трошоци за животен стил и дополнителна едукација

Доколку на ова се додаде и трошок за патување до дома, излегување итн. најмалку месечно ќе се префрлуваат 250 евра во 10 месеци учебна година. Тоа за 4 години, без „забушавање“ од страна на студентот изнесува 10 000 евра. Воедно, бидејќи е тренд да се биде магистер во денешно време, се инвестираат дополнителни 2000 евра само за магистерски студии и дополнителни 2 години живот настрана. Тоа го зголемува трошокот на школување за уште 5000 евра. Севкупно школувањето на државен универзитет во Македонија, заклучно со магистерски студии, скромно, според сегашните трошоци за живот би чинело 17 000 евра.

 

Трошоци од камати на кредити за школување

Доколку родителите овој трошок го решавале на потрошувачки кредит, целото школување дополнето со камати изнесува околу 25 000 евра. Жалосно е на оваа пресметка уште и ќе се додаде пропуштениот приход кој тој млад човек можел да го има во 6-те години школување. Таа најмалку би била 200 евра месечно или речиси 15 000 евра за 12 години, правејќи го овој трошок севкупно 40 000 евра.

 

За еден млад и амбициозен човек со просечна македонска плата да ја исплати оваа инвестиција, потребни му се 112 месеци, или речиси 10 години работа.



NETWORKER е мрежа на експерти која ќе направи анализа на твоите потрошувачки навики и со цел нивно подобрување, ќе ти изработи бесплатен финансиски план. Пиши ни на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и погледни ги финансиите од поинаква перспектива.