Претприемништво

Младите од селата заминаа затоа што така ги советуваат родителите кои несомнено им мислат најдобро. Децата ги слушаат родителите, без претходно размислување дека можеби ставовите на нивните родители застареле, односно ставовите на општеството кое тие родители го слушаат се промениле. Се смета дека оние најпаметните во околината, потребно е да запишат факултет со цел вработување во некоја институција во градот.

Исполнет работник која ја работи работата од соништата.

Она што во овој совет е недокажано е дека на пр. за високо образован економист во кој се вложиле најмалку 20 000 евра за школување, одлично достигнување е да се вработи во банка и заработува како шалтерски работник не повеќе од 25 000 денари. Доколку на споменатото додадеме кирија или рата на станбен кредит од минимално 15 000 денари, заклучуваме дека на тој високообразован човек кој ја работи „работата од соништата“ му остануваат само 10 000 денари за преживување. За храна најмалку ќе отидат 4000 денари, за гориво 2000 денари, облека 2000 денари оставајќи само 2000 денари за животен стил (излегување, одмор, спорт итн.), без конкретен план за огледување на дете.

 

Бизнисмен кој заработува тројно повеќе од одлична плата и помага на економијата.

Додека пак од друга страна, овој млад човек одлучи да не се школува, има почетни 20 000 евра кои може да ги вложува на пример во бизнисот за мелење на лук. Дури и доколку одлучи да се школува, но во наука која ќе го унапреди земјоделскиот бизнис, механизацијата за лук би ја добил преку мерките на ИПАРД- бидејќи Македонија увезува мелен лук, а извезува обичен лук. На државата секогаш тоа што го извезува повеќе и одговара да е со т.н. додадена вредност.

Тоа значи на производот да работеле повеќе луѓе, се исплатиле повеќе плати, придонеси и даноци, како и би се платила поголема царина. Земете ја пример Јапонија која е богата земја само од извоз затоа што произведува нешто со висока додадена вредност- роботи. Овој бизнисмен кој ќе има механизација за мелење на лук не само што ќе има каде да го пласира својот производ, туку и директно ќе помогне на македонската економија.

 

Профитот од мелениот лук е за 400% повисок од профитот при продажба на обичен лук, овозможувајќи му на истата таа фамилија да се обогати 4 пати повеќе, без директна физичка работа- механизирано мелење на лукот. Така нашиот несуден економист, ќе заработува најмалку тројно повеќе од платата на банкарот кој требало да стане и ќе биде „сам свој газда“.



NETWORKER е мрежа на експерти која може да те вмрежи со соодветните институции, партнери или заедници со слични интереси со цел лансирање на сопствен бизнис и полесно справување со бирократијата при негово основање.

Пиши ни на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и заедно ќе го изодиме процесот објаснет погоре.