Лансирај ја твојата бизнис идеја со нас!

Знаеш дека се потребни 24 часа за да основаш компанија во Македонија? NETWORKER ќе ти помогне да ја развиеш и реализираш идејата преку вмрежување со најсоодветните советодавни организации, партнери или инвеститори.

ЗАКАЖИ СРЕДБА

 

Intro Image
Info Image

Која е улогата на Networker?

 

Гледаш бизнис можности насекаде- но, од каде да започнеш? Образовниот систем не нè подготвил да размислуваме претприемнички. Ние решивме тоа да го смениме преку градење нов бран бизниси и претприемачи спремни за преземање акција.

Нашата улога во твоето лансирање во светот на бизнисот е од блиску да го менторираме твојот раст и твојот напредок за да се осигураме дека имаш цврста идеја која може да се реализира и од која можеш да профитираш. Ќе те поврземе со сите алки од синџирот кој е потребен за беспрекорен почеток и тек на работата.

Не знаеш од каде да почнеш? Ова е нашиот процес:

1

КОНТАКТИРАЈ НЕ ПРЕКУ ФОРМУЛАРОТ ПОДОЛУ

Пополни ја формата со твоите лични податоци и накратко објасни за кој финансиски проблем или цел сакаш да се советуваш со нас.

2

ЌЕ ТИ СЕ ЈАВИМЕ ДА ЗАКАЖЕМЕ СРЕДБА

Очекувај наш повик во најбрз можен рок за кафе во нашите канцеларии.

3

ЌЕ ЈА ДИСКУТИРАМЕ ТВОЈАТА ИДЕЈА

Користејќи стратегиски алатки на бизнис планирање заедно ќе ја обликуваме првата верзија на твојот бизнис модел.

4

ЌЕ ГО ДИСКУТИРАМЕ ТВОЈОТ БИЗНИС МОДЕЛ

Следува детална анализа и изработка на финансиски план, клиенти или конкретни таргет групи и клучни партнери.

5

ЌЕ ТИ ПОМОГНЕМЕ ДА СЕ ВМРЕЖИШ СО СООДВЕТНИТЕ СОРАБОТНИЦИ

Откако прецизно сме ги дефинирале соработниците, следува спојување и преговори со нив, со помош на НЕТВОРКЕР.

6

ЗАЕДНО СО ТЕБЕ ЌЕ ГО ИЗОДИМЕ ПРОЦЕСОТ НА ОСНОВАЊЕ НА БИЗНИСОТ И ЕКСПАНЗИЈА

Во НЕТВОРКЕР ќе ги добиеш сите информации на едно место, од тим кој е објективен и строго се интересира за успехот на твојот бизнис.

Нашата Одговорност кон Тебе

Target1
Градењето на бизнис план и менторирање низ процесот на лансирање, раководство и развивање на бизнисот
Target2
Добивање пристап до финансиска поткрепа (финансиски советувања, паметни кредити, бизнис ангелства, грантови)
Target3
Вмрежување со луѓе со слични интереси, каде ќе споделуваш знаење и ќе учиш од искуствата на другите.

Со што можеме да ти помогнеме?

Пополни го формуларот и закажи средба!

Не грижи се, советувањето со нас е бесплатно, како и кафето. :)

Откако ќе кликнеш на “Закажи средба” ќе те контактираме во рок од 24 часа за да закажеме средба.

contact@networker.mk

ул. Багдадска бр.15-стан бр.8

Скопје-Карпош

Кои сме ние

Networker е резултат на комбинираното знаење и искуство на двајца млади претприемачи и нивна мрежа на соработници кои работат во полето на финансиско советување и развој.